Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) БЛОКАДИТЕ СКАПО ГО ЧИНАТ: Трамп мора да ги чести гостите со хамбургери и да плаќа од свој џеб

(ВИДЕО-ФОТО) БЛОКАДИТЕ СКАПО ГО ЧИНАТ: Трамп мора да ги чести гостите со хамбургери и да плаќа од свој џеб

Необична шведска маса им приреди американскиот претседател на спортистите кои ги пречека во Белата куќа.


Како што пренесуваат светските медиуми, Трамп победниците на првенството во колеџ фудбалот ги послужил со хамбургери и пица поради делумната блокада на владата.


И се тоа Трамп го платил од свој џеб. Трамп е познат како љубител на брзата храна а во моментов тој нема ни готвачи на работа во Белата куќа.


-Нарачавме американска брза храна, која јас ја платив. Многу хамбургери, многу пијалоци - рекол Трамп пред да го прими тимот Клемсон тајгерс од Јужна Каролина.


На необичната шведска маса приредена во Белата куќа се најдоа куп хамбургери на сребрени послужавници, помфрит во садови со претседателскиот печат, пици со маслинки и домат.


-Сакам се што е американско, а ова се американски компании-рекол Трамп во негов стил.



FOTO: EPA


Слично

Поврзани вести