(ВИДЕО-ФОТО) Бесна војна во Албанија: Дилери со митралези ја нападнаа полицијата
Членови на банда рано пред зори употребиле гранати, минофрлачи и митралези против неколку стотини полицајци кои се обидоа во познатото албанско село Лазарат за време на операција да разбијат производство на дрога, но никој не е повреден, соопштува албанската полиција.
Во соопштението се наведува дека 500 наоружани полицајци вклучувајќи специјални единици, во текот на ноќта го опколиле селото а при првиот обид за влез во селото викендов е повреден еден селанец, пренесува агенцијата АП. Никој не е повреден во најновиот обид при влегување во селото, но албанската полиција соопшти дека ќе ја продолжи борбата со произведувачите на наркотици и „ќе го ослободи Лазарет од криминалци“.
Ова албанско село го носи ептитет „фабрика за марихуана“ со годишно производство од околу 900 тони канабис и годишен „извоз“ на дрога во пазарна вредност од 4,5 милијарди евра, што е половина од БДП на оваа балканска земја, наведува американската агенција.
Килограм канабис или вид на тревно растение од групата на канабисот, купен на големо во ова село, чини просечно околу 350 евра по килограм, но како „дополнителен данок“ нарко-шверцерите го продаваат по 500 евра за килограм на лице место. Големи организирани групи, кои располагаат со чамци и камиони, ја шверцуваат оваа дрога, најчесто по морски пат во Грција или Италија каде таа достига и до цена од 800 евра за килограм да би се, во просек во западните земји продавала на мало за пет евра грам - што е 5000 евра за килограм.
Лазарат е село во регионот на Ѓирокастро на југот од Аланија и на неговите жители одгледувањето на марихуаната им е најважната економска активност.

