Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО 18+) КРВ И ПОВРЕДЕНИ НА СИТЕ СТРАНИ: Експлозија во Анкара уби над 20 лица!

(ВИДЕО-ФОТО 18+) КРВ И ПОВРЕДЕНИ НА СИТЕ СТРАНИ: Експлозија во Анкара уби над 20 лица!

Расте бројот на жртвите и на повредените во двете моќни експлозии кои експлодираа во главниот турски град Анкара утрово. 30 лица загинаа, а 126 се повредени досега, властите продолжуваат да ги расчистуваат урнатините по експлозиите, пренесоа агенциите повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи на Турција.

анкара 3

Претходно турските власти го опишаа настанот како „напад“.

анкара 4

Местото на инцидентот е во фаза на расчистување и има засилено присуство на полиција и екипи на итна помош. Експлозиите се случија под надвозник што води кон железничката станица. Таму од утрото почнаа да се собираат активисти на синдикални здруженија и невладини организации кои планираа да одржат договорен протест со властите против конфликтот помеѓу државата и борците на Курдската работничка партија (ПКК), објави весникот „Хуриет“.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/dokuz8haber/status/652762388324872192?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

анкара 1

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, веќе е запознаен со деталите околу инцидентот од министерот за здравство Мехмет Моезиоглу, а подоцна во текот на денот тој треба да се сретне и со вицепремиерот Алчан Акдоган и другите членови на кабинетот.

анкара 2

Нападот доаѓа помалку од месец пред предвремените избори во земјата на 1 ноември и е нов бран на конфликти помеѓу властите и ПКК во последниве неколку месеци откако примирјето меѓу нив беше прекинато во јули. Од тогаш над 140 лица од турските безбедносни сили и полиција биле убиени, додека според Анкара убиените курдски борци се 1700.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/oUH7PzwQFXo[/embed]

анкара 5

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/M8kJTOg7tpk[/embed]

анкара 6

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/szLuVQNcIEc[/embed]

анкара 7

Слично

Поврзани вести