(ВИДЕО) ФЕНОМЕН КОЈ ГИ ИСПЛАШИ ХРВАТИТЕ: Tлото распука и стана течно
Земјата се отворила, а тлото станало течно по силниот земјотрес од 6.2 степени кој вчера ја погоди Хрватска.
Месното население е загрижено за расцепот и земјата која буквално се отворила во селата Палањек и Тишина. На социјалните мрежи има голем број на фотографии на кои се гледа како буквално земјата се отворила. На снимката се забележуваат исплашени жители додека под нивните нозе се прават пукнатини вна тлото и земјата станува течна.
Тлото во Хрватска не мирува и денеска се регистрирани серија земјотреси со помала јачина од вчерашните. 2 јануари е прогласен за Ден на жалост во Хрватска. Ваков силен земјотрес во Хрватска немало повеќе од еден век.
Слично
