Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Фејсбук ќе може и ова да го прави!

(ВИДЕО) Фејсбук ќе може и ова да го прави!

Фејсбук најави нова опција за корисниците на мобилната апликација на оваа социјална мрежа - по звук ќе ги препознава песните што ги слушате или телевизиската програма шро ја гледате.

Имено, при пишување на статусот, корисниците ќе можат да ја вклучат новата функција, која со помош на микрофонот од „паметниот“ телефон ќе може да идентификува која песна свири во позадина или што се прикажува на телевизија.

На овој начин корисниците ќе можат брзо и лесно да споделат со своите пријатели што гледаат или слушаат во моментот, без да има потреба да пишуваат. Исто така, опцијата може да биде корисна кога сакате да дознаете која е песната што ја слушате во тој момент на радио.

Опцијата е многу слична со популарната апликација Шазам. Како што објави Фејсбук во своето соопштение, за неколку недели опцијата ќе им биде достапна на корисниците на iOS и Андроид телефони во САД, а засега не е познато кога ќе заживее и во другите земји.

http://www.youtube.com/watch?v=R-1Ve6gCPhU Зошто логото на Фејсбук е во сина боја?
Слично

Поврзани вести