(ВИДЕО) ФАКЕЛИ, СОЛЗАВЦИ, ВОДЕНИ ТОПОВИ: Словенците се кренаа на нозе против рестрикциите
Протести имаше во Љубљана, при што противниците на мерките за сузбивање на коронавирусот со факели маваа кон парламентот. Полицијата на ова возврати со солзавец и водени топови.
Тие ја критикуваа влада и бараат таа да поднесе оставка. Демонстрантите испорачаа две барања: промена на мерките за сузбивање на коронавирусот во препораките и распишување вонредни избори.
„Насилството на улица никогаш не носи ништо добро. Полицијата е должна да дејствува во согласност со законот. Владата нема да попушти пред секој притисок. Ќе се инсистира на спроведување на мерките за заштита на здравјето и животот на луѓето“, напиша премиерот Јанес Јанша на својот Твитер-профил.
Во Словенија граѓаните кои немаат сертификат за вакцинација не можат да наполнат ниту гориво на бензинските пумпи. Ова ги налути граѓаните.
фото EPA-EFE
