(ВИДЕО) Еве што пронајде полицијата кај уапсените од Музејот на Македонија
Речиси 30 илјади нерегистрирани монети биле пронајдени во службена просторија на Музејот на Македонија, при претресот кој го извршиле полициските службеници.
Полицијата вчера го претресе Музејот и домовите на осуммина уапсени кои се сомничат дека се одговорни за исчезнувањето на вредни артефакти од Музејот.
Вкупно во Музејот на Македонија со инвентарни броеви биле регистрирани 3.341 монета, додека десетпати повеќе лежеле во обична просторија без да бидат воопшто регистрирани, откри министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Во последните 10 години, во евиденција биле внесени само 18 монети.
Од денеска запечатен е и Музејот во Охрид, поради исти индиции и претрес како и Музејот на Македонија во Скопје.
Седуммина од уапсените вработени во Музејот на Македонија добија мерка 30 дена притвор, додека за осмиот, ексдиректорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман таква мерка не е изречена, бидејќи тој веќе се наоѓа во куќен притвор заради случајот „Фаланга“.
Полицијата ги сомничи уапсените дека успеале од Музејот да извлечат најмалку 166 предмети од непроценлива вредност. Еве што пронајде полицијата при претресот во Музејот:
http://www.youtube.com/watch?v=aXoZgddVHeU#t=11
Слично
