(ВИДЕО) Eве каква е атмосферата на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб пред натпреварот
Навивачи има на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб пред натпреварот кој ќе се игра вечерва.
Се слуша музика, а атмосферата се вжештува. Хрватите ќе си ги одмерат силите со Англичаните. Вчера беше потврдено дека претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, нема да биде присутна на вечерашното полуфинале на својата репрезентација поради самитот на Нато во Брисел. Но, очигледно Колинда дури и од Брисел мисли на „коцкестите“ кои вечерва можат да испишат историја и да го остварат толку посакуваното финале. Претседателката на Хрватска им подари дрес на претседателот на Америка, Доналд Трамп и на премиерката на Британија, Тереза Меј.
Атмосферата од Загреб можете да ја следите овде.
Слично
