Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еве како Словенците спасија животни „заробени“ во фарма уништена од поплавите

(ВИДЕО) Еве како Словенците спасија животни „заробени“ во фарма уништена од поплавите

Полицијата со хеликоптер спаси две прасиња во Словенија. Фармата е уништена од поплавите. 

Екипажот на полицискиот хеликоптер, кој во најтешките моменти спасуваше луѓе од покривите на поплавените куќи и сега делугва на терен.  Жители од околината на Љубно ја повикале полицијата. Една од тамошните фарми скоро целосно е уништена од разорната поплава, а на фармата преживеале само две прасиња, а полицијата сакала да ги пренесе на безбедно со хеликоптер. Полицајците поради тоа долетале на тешко пристапното место и ги подигнале животните, јавува „Н1“.

„Семејството кое во поплавите ја загуби практично целата своја фарма, штала и земјоделска механизација, а и домот им беше уништен, беше исклучително благодарно.  На фармата имало и други животни, но преживеале само две свињи и една кобила, која сама побегнала“, соопшти полицијата.


Воздухопловната единица на полицијата деновиве превезува материјал кој е неопходен за санација во погодените подрачја. Шест луѓе загинаа во поплавите. 

Меланија, сопругата на екс американски претседател Доналд Трамп, напиша дека нејзиното срце е со „издржливиот народ“ во Словенија, која беше погодена од најлошите поплави во историјата во изминатите неколку дена.

Словенија ќе добие над 400 милиони евра од Европската Унија(ЕУ). Но, и дел од македонските градови веќе одобрија парична помош за Словенија. 

Слично

Поврзани вести