(ВИДЕО) Еве како изгледа Турција по разорните поплави
Згради и мостови се уништени во разорните поплави кои ја зафатија Турција, а
70 луѓе загинаа во провинцијата Кастамону. Уште девет лица загинале во Синоп и едно во Бартин, објави Агенцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Исчезнати се 47 луѓе во Кастамону и Синоп. Има огромни штети во градот Бозкурт во Кастамону. Повеќе од 2.000 луѓе се евакуирани од погодените области, со помош на хеликоптери и бродови, соопшти АФАД. Можни се нови поплави.
Шест луѓе загинаа на североистокот на Турција во Ризе минатиот месец.
Слично
