Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ердоган го пушти во употреба најдолгиот висечки мост во светот

(ВИДЕО) Ердоган го пушти во употреба најдолгиот висечки мост во светот

Претседателот на Турција,  Реџеп Таип Ердоган пушти во употреба огромен висечки мост над Дарданелите. Ова е најдолгиот висечки мост во светот со централен распон од 2.023 метри и вкупна висина на кулата на мостот од 318 метри.

Мостот што ги поврзува европските и азиските брегови на Турција се нарекува „1915 Чанаккале“ и е изграден од турски и јужнокорејски компании, со проценета инвестиција од 2,5 милијарди евра. 

Овие мегапроекти одиграа централна улога во достигнувањата на Ердоган откако неговата Партија на правдата и развојот за првпат дојде на власт во 2002 година. Други проекти го вклучуваат новиот аеродром во Истанбул, тунелите под Босфорот и мостот над теснецот.

фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE


Слично

Поврзани вести