Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕРДОГАН Е ВО ПОСЕТА НА БОСНА: Присуствуваше на венчавката на ќерката на Изетбеговиќ

(ВИДЕО) ЕРДОГАН Е ВО ПОСЕТА НА БОСНА: Присуствуваше на венчавката на ќерката на Изетбеговиќ

Претседателот на Турција,  Реџеп Таип Ердоган, заедно со сопругата Емина, пристигна на шеријатската венчавка на Јасмина Изетбеговиќ, ќерка на Бакир и Себија Изетбеговиќ што се одржува во Сараево.

Јасмина Изетбеговиќ и Ќамил Хумачкиќ ќе се венчаат денеска во Сараево каде ќе биде организирана шеријатска и граѓанска венчавка. Бројни познати личности од јавниот и политичкиот живот на БиХ пристигнаа како гости на свечената церемонија.

Првиот човек на Турција прошета низ сараевската Башчаршија каде го поздравија голем број граѓани, а некои успеаја со него накратко да поразговараат. Ердоган замина и на гробот на познатиот босански политичар Алија Изетбеговиќ. 


Ердоган пред заминувањето во БиХ изјави дека таа претставува клучна држава на Балканот и дека Турција дава голема важност на нејзината мултикултурна структура, безбедноста, стабилноста и развојот. Ердоган изрази задоволство што по посетата на БиХ, ќе отпатува во прва официјална посета на Црна Гора.

Фото: n1info.com

Слично

Поврзани вести