Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Експлозија го потресе турскиот град Ван – 19 повредени

ВИДЕО: Експлозија го потресе турскиот град Ван – 19 повредени

Вкупно 19 лица, меѓу кои и двајца полицајци, се повредени откако експлозија го потресе градот Ван во главно курдскиот југоисточен дел на Турција, јави СНН Турк.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/jOsjy1TL6C4[/embed]

Ројтерс јави дека експлозијата е предизвикана од автомобил-бомба. Кон регионот се испратени амбулантни возила.

Агенцијата Доган покажа кадри од чад над локална зграда и пожарникари, кои се обидуваат да изгаснат пожарот.

Немирниот турски југоисток често е мета на бомбашки напади, откако Курдската работничка партија (ПКК) го прекина лани  двегодишно примирје, наведува Ројтерс.

Слично

Поврзани вести