(ВИДЕО) ЕДНО СЕЛО Е ЕВАКУИРАНО: Голем шумски пожар беснее на Евија
Голем шумски пожар се шири на грчкиот остров Евија, поради што едно село е евакуирано.
Огнот се проширил на падините на планинската шума Гаја, а властите наредиле евакуација на селото Кремастос. Пожарот се приближил на 800 метри од некои куќи и мештаните морале да заминат на безбедно.
Околу 70 пожарникари се бореле со огнот со девет противпожарни авиони и четири хеликоптери пред да падне ноќта.
И претходните години на Евија имаше пожари. Лани, пожари уништија третина од шумите на островот. Пожарите во Грција лани уништија повеќе од 100.000 хектари шума и обработливо земјиште.фото Принтскрин
Слично
