Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еди Рама во Анкара носеше бели патики, чешки експерт за протокол го критикуваше

(ВИДЕО) Еди Рама во Анкара носеше бели патики, чешки експерт за протокол го критикуваше

На Самитот на НАТО во Анкара, најмногу реакции предизвика албанскиот премиер Еди Рама, кој на средбата на лидерите се појави во темносин костум, но наместо класични чевли носеше бели патики.

Експертите за протокол оценија дека ваквиот избор на обувки не е соодветен за настан од највисок државен ранг. Иако дел од јавноста неговиот стил го поврза со минатото на Рама како професионален кошаркар, познавачите на дипломатскиот протокол велат дека тоа не може да биде оправдување.

Чешкиот експерт за протокол Ладислав Шпачек оцени дека ваквите детали оставаат лош впечаток и не се во согласност со правилата на официјалниот дипломатски бонтон.

Покрај Рама, критики доби и словачкиот претседател Петер Пелегрини. Според експертите, додека седел со прекрстени нозе, му се гледала голата потколеница над чорапите, што се смета за пропуст во машкиот протокол за свечени и државнички настани.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс во 2017 година не му дозволил на албанскиот премиер Еди Рама да се фотографира со него поради белите патики.


Слично

Поврзани вести