(ВИДЕО) ДУВАА ОРКАНСКИ ВЕТРОВИ: Невремето однесе една жртва во Хрватска
Жена загина во Нашице во близина на градот Осијек, во Хрватска откако се oбидела да го поправи покривот оштетен по невремето.
63-годишната жена е првата жртва на невремето.
Во Хрватска дуваше ветер со брзина од 110 километри на час, а на некои места достигнуваше и 270 километри на час.
Проблеми имаше и при нормалното одвивање на бродскиот сообраќај. Црвен метео аларм е на сила во целата земја.
Во Словенија пак во невремето има една повредена жена, откорнати дрвја и уништени покриви.
Невреме пустошеше и во Европа. Во Словачка едно дете загина, а друго е тешко повредено откако ветер урна автобуска постојка.
Невреме вчера имаше и во БиХ.
Слично
