Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Дуќанџиите од ГТЦ на протест пред Влада

(ВИДЕО) Дуќанџиите од ГТЦ на протест пред Влада

Сопствениците на деловен простор во ГТЦ денеска одржаа протест пред Владата, барајќи да се промени начинот на управувањето со трговскиот центар.

Тие побараа итно решавање на бројните проблеми во трговскиот и примена на законската регулатива.

Сопствениците сметаат дека недомаќински се управува со АД ГТЦ на штета на нивниот имот и на имотот во сопственост на државата.

Од таму бараат директни договори за снабдување со лиценциран снабдувач на електрична енергија, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор во ГТЦ, договори за парно греење со лиценциран снабдувач, климатизација и греење контролирано од органот за заедничко управување во ГТЦ.


Слично

Поврзани вести