(ВИДЕО) Дрон сними илјадници бегалци на македонската граница
Видео снимка наравена од Дрон сними илјадници бегалци на грчко-македонската граница во петокот. Сите тие сакаат да продолжат на север со надеж дека ќе стигнат до Европските земји.
Македонските воени сили се обидоа да ја растераат толпата бегалци вчера, при што дојде до ескалација на тензиите.
Против мигрантите беше употребена сила, шок бомби и солзавец, и најмалку осум лица беа повредени.
Сепак, стотици мигранти биле пуштени да ја преминат границата - претежно семејства со мали деца.
Според последните податоци околу 44 000 бегалци поминале низ Македонија само за последните два месеца.
Слично
