Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДРОН СЕ УРНА ВО ЗАГРЕБ, ПРЕДИЗВИКА ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА: Експерт тврди дека е од Украина

(ВИДЕО) ДРОН СЕ УРНА ВО ЗАГРЕБ, ПРЕДИЗВИКА ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА: Експерт тврди дека е од Украина

Летечки објект доцна синоќа се урнал во Загреб, а според експертот за експлозии, Тајлер Рогавеј, тоа би можело да биде извидувачкиот дрон Ту-141 „Стриж“.

Рогавеј, кој е експерт за воена авијација и уредник на порталот „Воена зона“, како што тврди за „Јутарњи лист“, детално ги проучил фотографиите од остатоците од леталото од Загреб и заклучил дека речиси сигурно се работи за дрон.

- Цврсто верувам дека се работи за извидувачки дрон кој личи на ракета. Веројатно сериозно се расипал, ја прелетал цела Унгарија и на крајот се урнал во Загреб - вели Рогавеј и презентирал повеќе докази дека дронот пристигнал во Хрватска од воената зона, односно од Украина.

– Неодамна беше објавено дека Украина ги става во функција беспилотните летала уште од советската ера, а колку што знам, Украинците се единствените во светот кои го користат дронот Ту-141.

Рогавеј објасни и како дошол до тој заклучок.

- Едното крило остана недопрено, што ни овозможи да ги споредиме фотографиите. Секако, збунувачки и доста алармантно е тоа што леталото летало толку далеку, но што се однесува до тој тип на беспилотни летала, ова не е прв пат, дури и во оваа војна. Пред само неколку дена еден се урна во Украина.

Рогавеј пишува дека се работи за фасцинантно летало од советската ера, кое Украинците го подобриле при анексијата на Крим во 2014 година.

- Реално, овој дрон е повеќе крстаречка ракета отколку традиционално беспилотно летало. Се лансира од приколка, рутата е однапред одредена и се користи за собирање разузнавачки информации. И, да, има падобран, па може да се користи повеќе пати.

Надлежните служби во Загреб се уште не соопштуваат детали за овој инцидент, па нема потврда за тврдењата на Рогавеј.

- Дронот очигледно прелета над една или повеќе земји. Што прави воздушната одбрана на НАТО?

Инаку, силна експлозија по уривањето на доронот одекнала синоќа околу 23 часот во близина на Студентскиот дом Стјепан Радиќ на Сава во Загреб, која ги вознемирила жителите на околните згради. Според првите информации се урнал некаков авион, а пожарникарите добиле дојава за пронајден падобран.


Полицијата и пожарникарите веднаш интервенирале и го оградиле просторот околу големата дупка во асфалтот. Местото е преполно со шут и асфалт, а има и оштетени автомобили.

Според очевидци, на местото каде што се случила експлозијата се гледаат делови од леталото.

Извор: Јутарњи лист


Слично

Поврзани вести