Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Драматично во Црна Гора, пожари од Бар до Никшиќ: Каде е најкритично?

(ВИДЕО) Драматично во Црна Гора, пожари од Бар до Никшиќ: Каде е најкритично?

Огнот кој утрово избил на Обосник се спуштил кон Крашичи и дошол во непосредна близина на големата викенд населба, пренесуваат медиумите од регионот.

Сите расположливи сили се на терен и го бранат населението од огнот.

Пожарот на полуостровот Луштица, кој избил вчера, сега е под контрола, соопштено е од тиватската Служба за заштита и спасување.


Пожарите и натаму се активни, меѓутоа гаснењето на огнот го олеснува и тоа што ветерот престанал да дува.

„Во гаснењето на пожарот помага Војската на Црна Гора.Ниеден објект засега не е загрозен“; рекол командирот на службата за заштита и спасување Тиват Зоран Барбиќ.

Наскоро се очекува и помош од воздуг, која ќе ја пружи МУП.

Како што е соопштено од Директоратот за вонредни ситуации на МУП , многу е критично на тоа подрачје и ако ветерот продолжи да дува со ова темпо во гаснење на пожарот огнот ќе дојде до куќите.


НАТО и сојузните најавија дека ќе понудат помош во гаснење на пожарот и се очекува денес.

БАР-Моментално е активен пожарот во Суто море на Голо Брдо. Пожарот е локализиран. Не се загрозени станбени објекти и население. Пријавен е и еден пожар кон Паштровичи. 

Будва - Моментално е активен пожар на Паштровска Гора, но е под контрола.

Котор-Активни пожари нема, но екипите и понатаму дежураат во Бигови.


Тиват-Активен пожар на Луштица. Екипи се на терен. Од полноќ, активен пожар во Забрѓе, кај Оносник. Моментално не се загрозени станбени објекти ниту население.


Подгорица-Моментално се активни пожарите кои зафатиле непристапни места во брдата.


Слично

Поврзани вести