(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО Е ВО ГРЦИЈА: Поради пожарите се евакуираат болниците, населбите, а еден манастир е во пламен
Наредена е итна евакуација на болниците и населбите, а пожарите се надвор од контрола во Грција.
Пожари беснеат низ цела Грција, од Ахаја до Хиос и Закинтос. Ситуацијата е особено критична во Превеза, Хиос и Закинтос.
Евакуации се наредени во четири други области на Патра, каде што пожарникарите се борат со повеќе активни пожарни фронтови. Во Патра, Детската болница „Караманданио“ е евакуирана поради приближувањето на пожарот.
Предупредувачки пораки беа испратени преку системот 112, со кои се повикуваат луѓето веднаш да се евакуираат.Покривот на манастирот Свети Никола е зафатен од пожар, а пожарникарите, калуѓерките и волонтерите се обидуваат да спречат негово уништување. Пожарот се заканува и на Патра, предизвикувајќи жителите да се евакуираат
Слично
