(ВИДЕО) Драма во Истамбул: Бомбаш самоубиец сакал да го крене во ваздух америчкиот конзулат
Турската полиција успеала да го уапси бомбашот самоубиец кој од неодамна им претел дека ќе детонира експлозивна направа пред американскиот конзулат во Истамбул, пренесуваат турските медиуми.
Напаѓачот е опишан како човек во триесетите години, им се заканувал на полицајците како ќе ја детонира бомбата и „разнесе се“.
Тој тврдел дека автомобилот кој бил паркиран пред конзулатот е полн со експлозив, и дека нема да се двоуми за да го употреби.
Турската полиција по одредено време успеала да го неутрализира бомбашот, соопштува турскиот „Hurijet“. Постојат индикации дека се работи за ментално болен човек, но тоа засега не е потврдено.
Еден американски дипломат изјавил порано за Ројтерс дека конзулатот превзема мерки на претпазливост по безбедносните предупредувања.
Исто така агенцијата „Доган“ соопштила дека осомничениот тврдел дека има експлозив во автомобилот.

