(ВИДЕО) Драма на грчки остров, се насука брод на кој можеше да му се пријде само од воздух
Кај грчкиот остров Андрос се насука товарниот брод Кабрера, а се претпоставува дека причина за тоа е невремето.
Грчката морнарица со хеликоптер изведе акција за спасување. Во болница во Атина се примени десет членови од посадата. Бродот бил товарен со 3.5 тони железо и 20 тони гориво. Се претпоставува дека се насукал заради силниот ветер.
Бродот тргнал од Финска, а во посадата имало тројца Полјаци, еден Украинец, еден Литванец и четворица Финци.
Водата не продрела во бродот.
Слично
