Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДРАМА НА АВТОПАТ ВО ХРВАТСКА: Авион принудно слетал, патниците престрашени

(ВИДЕО) ДРАМА НА АВТОПАТ ВО ХРВАТСКА: Авион принудно слетал, патниците престрашени

Несекојдневна интервенција имаа пожарникарите од Хрватска кога на автопатот Загреб-Ријека помеѓу Врбовско и Рамна Гора авион од типот "cessna 150 M" слетал насред возна лента. 

Граѓани кои во тој момент се наоѓале во автомобилите го снимиле принудното слетување а сите останале во шок.

-Почна да кружи по небото над нас, се спушти многу ниско, но и понатаму мислевме дека тоа е нормално, за да после некоја минута сфатиме, дека тој навистина тука ќе слета. Малку се заметнуваше по средината на патот додека со крилото не се заби во десната ограда и остана во лентата за запирање, од авионот излегоа жена и маж престрашени-рекле сведоци за хрватските медиуми.

Од Хрватскиот автоклуб за инцидентот кој според првични информации поминал без повредени, известиле како за „сообраќајна незгода помеѓу тунелот Јаворова коса и Тснецот Рамна Гора во насока на Ријека, поради што се води по една патна лента.



Foto: Printscreen: Facebook/Vatrogasci Vrbovsko


Слично

Поврзани вести