Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДОДИК ЗА РЕПУБЛИКА СРПСКА: Јас сум спремен идната недела да прогласам независност, па што биде нека биде

(ВИДЕО) ДОДИК ЗА РЕПУБЛИКА СРПСКА: Јас сум спремен идната недела да прогласам независност, па што биде нека биде

Се појави видео во кое  Сојузот на независни социјалдемократи на Милорад Додик повикува на одбрана на Република Српска. 

Порачуваат дека ако не живеат како што сакаат во БиХ, го знаат својот пат.  Видеото е објавено по повод одлуката на високиот претставник Валентин Инзко да го забрани негирањето на геноцидот во Сребреница и величењето на злосторствата. Додик, лидер на СНСД и претседавач на Претседателството на БиХ, држи говор, а се прикажуваат разни кадри. Вели дека Србите тоа не можат да го прифатат, и дека во БиХ нема дијалог, туку се туркаат работите на сила со помош на меѓународниот фактор. 

„Јас се плашам само од Бог и да не го разочарам овој народ“, вели Додик. Меѓу другото, тој кажува дека негира дека се случил геноцид во Сребреница.

ЕУ го забележа носењето на законот во БиХ против негирањето на геноцид,  од високиот претставник Валентин Инцко, во кој се наведува дека „ревизионизмот и негирањето на геноцид противречат на најосновните европски вредности”.


Слично

Поврзани вести