Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Додик со песна „слави“ за санкциите од Америка

(ВИДЕО) Додик со песна „слави“ за санкциите од Америка

Се појави уште едно видео во кое лидерот на босанските Срби, Милорад Додик пее. 

„Метар од мог села, Америка цела“, пее Додик.  Тој заедно со своите најблиски соработници  „прослави“ бидејќи Америка му воведе санкции.  На истата маса со него седеа претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, советникот Радован Ковачевиќ, претседавачот на Домот на народите на Парламентот на БиХ, Никола Шпириќ, претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија и претседателката на пратеничкиот клуб на СНСД, Снежана Бурсаќ.

Инаку, Додик претходно кажа дека санкциите кон него не можат ништо да променат со оглед на тоа што немал намера да патува во САД, но и дека немал никаква банкарска сметка или имот во Америка.

Српскиот претседател Александар Вучиќ застана на страната на Додик и истакна дека не се согласува со санкциите. Ова не е прв пат Додик да пее. Тој претходно пеел во повеќе наврати, а тоа го стори и во Сараево. 

Видеото можете да го видите тука. 


Слично

Поврзани вести