Видео: Директор на компанија за пијалоци со „бомба“ - Флашираната вода е измама
Даниел Бирнбаум, директорот на SodaStream гигантот за пијалоци, пушти „бомба“ во јавноста“ откривајќи дека флашираната вода која ја продаваат голем број на конкуретни компании е вистинска измама.
„Купувачите се измамени. Дури 50% од флашираната вода која ја продаваат големите брендови всушност е обична вода која ја полнат од јавните извори и нема никакви својства какви што се прикажуваат во скапите реклами. Целата индустрија за флаширана вода воопшто не смее да постои и нивните производите мора да носат декларации кои ќе го прикажат точниот хемиски состав, исто како кај цигарите, смета Бирнбаум.
Неговата компанија SodaStream влезе во судир со индустријата откако лансираа сатирична негативна кампања за флашираната вода и се најавува голем судски процес.
