Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДЕТАЛИ НА УЖАСНО УБИСТВО ВО ДУБРОВНИК: Ја убил сопругата и дедото, баба му „спасила глава“

(ВИДЕО) ДЕТАЛИ НА УЖАСНО УБИСТВО ВО ДУБРОВНИК: Ја убил сопругата и дедото, баба му „спасила глава“

Полицијата во Дубровник во еден стан пронашла три безживотни тела и ранета жена (74) а според неофицијални информации се работи за двократно убиство и самоубиство.

Полицијата примила дојава околу 6.50 часот вчера дека во станот се наоѓаат три безживотни тела. Една жена е повредена и префрлена во болница.


Двојно убиство и самоубиство?

Надлежните се сомневаат дека се работи за убиство и самоубиство. Според неофицијални информации во станот се најдени телата на маж (64), неговата сопруга (53) и татко на жената (77) додека мајката (74) на убиената жена е најдена со ранета нога . Наводно дедото и бабата живееле во куќата во која се случила трагедијата.


Како што дознаваат хрватските медиуми неофицијално, се работи за семејство на дубровнички морнар, кој ја убил сопругата, нејзиниот татко а ја ранил и нејзината мајка и потоа извршил самоубиство.


Морнарнот веќе бил осудуван

Мајката на неговата сопруга е превезена во болница со прострелна рана во ногата.

Таа е надвор од животна опасност, потврдил директорот на Општата болница во Дубровник Марио Беќиќ.

Слично

Поврзани вести