(ВИДЕО) Денес се одбележува 16 години од бомбардирањето во СРЈ
Ширум Србија денеска ќе бидат одбележани 16 години од почетокот на воздушните напади на НАТО врз СР Југославија.
НАТО нападите траеја 11 недели и во нив, според проценките од различни извори, загинале помеѓу 1200 и 2500 луѓе.
Во бомбардирањата , кои без прекин траеле 78 дена, тешко се оштетени инфраструктурата, економски објекти, училишта, здравствени уставови, медиумски куќи, спомен куќи.
Нападот врз Србија, односно врз СРЈ беше извршен без одобрување од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации, што беше преседан. Тогашна Југославија беше нападната како виновник за нуманитарната катастрофа во Косово и Метохија и неуспешните преговори за идниот статус на покраината кои се водеа во Рамбује и Париз. [embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=gelCe981y0I[/embed]
Слично
