Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДЕН НА РЕПУБЛИКА СРПСКА: Цвијановиќ вели дека се свои на своето

(ВИДЕО) ДЕН НА РЕПУБЛИКА СРПСКА: Цвијановиќ вели дека се свои на своето

Босанските Срби денеска го прославија 9 Јануари - Денoт на Република Српска и покрај тоа што Уставниот суд на Босна и Херцеговина во 2015 година го прогласи за неуставен.

Во Бања Лука продефилираа 15 ешалони припадници на ентитетското Министерство за внатрешни работи и дури 23 ешалони граѓански организации, меѓу кои пожарникари, демобилизирани борци, припадници на цивилната заштита и други организации и здруженија. На дефилето присуствуваше и српската премиерка Ана Брнабиќ, како и министри од нејзиниот кабинет.


Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, ја одликува Брнабиќ со Орденот на Република Српска за „неизмерниот придонес во борбата за физички и духовен опстанок, афирмација и развој на Република Српска“. Со овој орден претходно беа одликувани и воените злосторници Радован Караџиќ, Ратко Младиќ, Билјана Плавшиќ и Момчило Краишник. Еден ешалон на полицијата беше облечен во униформи на српската војска од Првата светска војна, додека пред нив јаваше офицер на бел коњ. Имаше и прелети на хеликоптери.

Претставниците на Бошњаците во институциите на Република Српска, кои не присуствуваа на одбележувањето на 9 Јануари, издадоа соопштение во кое се противат што се продолжува со прославите и покрај одлуката на Уставниот суд, кој оцени дека празникот е дискриминирачки за несрбите во тој ентитет.

На 9 јануари во 1992 година, претставниците на Србите, без учество на претставниците на другите народи во Босна и Херцеговина,  ја донесоа Декларација за прогласување на република на српскиот народ од Босна и Херцеговина.

Слично

Поврзани вести