(ВИДЕО) Демонстранти ги демолираа просториите на СНС во Нови Сад
Дел од демонстрантите во Нови Сад вечерва ги демолираа просториите на Српската напредна странка (СНС) на Булеварот на ослободувањето.
Прво беа искршени стаклата, по што група лица влегоа внатре и изнесоа столици, картони со јајца, вода и други предмети. Сцените се случија во тек на масовните протести што паралелно се одржуваат во повеќе српски градови.
Лани на 1 ноември се урна натстрешница во Нови Сад, каде загинаа 15 луѓе и оттогаш има протести.
Слично
