Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД БУГАРИЈА СЕ ПОД ВОДА: Наврнаа и по 80 литри дожд на метар квадратен

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД БУГАРИЈА СЕ ПОД ВОДА: Наврнаа и по 80 литри дожд на метар квадратен

Поплави има во соседна Бугарија.  Во Велико Трново ситуацијата останува сериозна по обилните дождови кои донесоа над 80 литри на квадратен метар.

Прогласена е вонредна состојба, а има и евакуирани жители. Вонредна состојба е прогласена и во регионите на Велико Трново, Габрово, Горна Орјаховица и Драјново.  Реката Јантра излегла од своето корито, што довело до евакуации.  Затворени се патиштата кон Стара Загора и Габрово, бидејќи реката го поплави коловозот. 

Бугарските власти засега соопштуваат дека нема информации за жртви, но штетите се значителни.

Најголемата опасност сега е водата што се влева од притоките на Јантра. 

фото Struma News


Слично

Поврзани вести