ВИДЕО:Дали Груевски се советувал со астролог?
На Јутјуб каналот се објавени снимки на кои се слуша женски глас во улога на астролог кој го советува поранешниот премиер, Никола Груевски.
Снимките се во два дела. Советите не се однесуваат само на приватниот живот на Груевски, туку и политички важни прашања.
Премиерот Емил Димитриев не со сомнева во безбедноста на владиниот кабинет и покрај протекувањето на снимките за кои се претпоставува дека токму таму се снимени.Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија опозицијата дека се занимава со валкана политика.
„Начинот на работа на нашите политички опненети е добро познат. Тој не се фокусира на натпревар на идеи и програми, туку на валкани политички игри на кои јавноста се увери во изминатиот период“ - велат од партијата.
На снимките се слуша како астрологот го советува Груевски за надворешна политика, за избори и други теми.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/GkbKOWT75V4[/embed]
Слично
