(ВИДЕО) Дали би патувале со возот на Тито?
Возот на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, познат како Синиот воз, од 2005 година се користи за комерцијални цели, така што може да се откупи за разни видови прослави како роденден или корпоративни прослави, венчавки или за индивидуални патувања.
Возот е произведен во 1959-та година во фабриката „Гоша“ во Смедеревската Паланка и во фабриката за вагон „Борис Кидрич“ во Марибор, а името му го дале локалните рабоници, затоа што е обоен во сино. Целта била да се разликува од останатите, воглавно зелени возови. Го сочинувале девет вагони од „Главниот воз“ и осум вагони од „Првиот воз“.
Тито во возот примил преку 60 светски државници, а поминал преку 600.000 километри во земјата и во странство.
Сите заинтересирани може да дојдат, да го погледнат или фотографираат „совршениот“ музеј на шини и да слушнат дел од југословенската историја. Треба само да се пријавите 24 часа порано на: srbijavoz.marketing@srbrail.rs.
