Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДАЧИЌ ПРЕДУПРЕДИ ЗА ГОЛЕМОАЛБАНСКАТА ПОЛИТИКА: Ја спомена и Македонија

(ВИДЕО) ДАЧИЌ ПРЕДУПРЕДИ ЗА ГОЛЕМОАЛБАНСКАТА ПОЛИТИКА: Ја спомена и Македонија

Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ предупредува за големоалбанската политика која го загрозува регионот. 

Тој денеска изјави дека скандирањето на името на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и изјавите од Приштина за сеалбанска победа, по повод изборите во црногорската општина Тузи, е најдобра потврда за големоалбанската политика.

„Веројатно на сите им е јасно дека не е загрозен само територијалниот интегритет на Србија, туку и на Црна Гора, Северна Македонија и Грција. Секое понатамошно затворање на очите пред создавањето на Голема Албанија може да доведе до загрозување на мирот и стабилноста во регионот“, вели Дачиќ во изјава за Танјуг.

Приврзаниците на албанските партии во подгоричката општина Тузи, во која живеат претежно Албанци, синоќа победата на локалните избори ја прославија со извикување „УЧК“ (ОВК) и со знамиња на Албанија.

Косовските лидери Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Кадри Весељи им ја честитаа на лидерите на албанските партии победата на изборите во црногорската општина Тузи.


Слично

Поврзани вести