(ВИДЕО) ЦРНОГОРЕЦ СНИМИЛ БОРБА СО ПИРАТИ: Ова траело со часови
Црногорски државјанин во Нигерија снимил напад на пирати на товарен брод.
Нападот се случил во четвртокот, а борбата траела со часови, пишуваат медиумите.
„Беа вооружени со три калашникови. Откако ги воочивме, пукавме кон нив со ракетите кои што служат за сигнализирање опасност. Испаливме три ракети по што тие се откажаа“- вели Ален Бикиќ.
Тој за храброста е пофален од компанијата за која што плови. Видеото беше објавено на Фејсбук страницата „Подгорички времеплов“.
Слично
