(ВИДЕО) ЦРНА ГОРА ЈА ТУЖИ ДАНИЦА ЦРНОГОРЧЕВИЌ: На Бадник пеела химна со изменет текст
Пејачката Даница Црногорчевиќ може да биде казнета парично со 2.000 евра за песната „Ој, свијетла мајска зоро“ што ја испеа пред храмот Христово Воскресение во Подгорица на 6 јануари на Бадник, а организаторот на настанот дури и до 20.000 евра.
Споменатата песна Даница ја извела со малку поинаков текст кој зборува за заедничкото херојско минато и братство на Србија и Црна Гора, а во изменетиот текст немаше навредливи делови кои се однесуваат на црногорската нација. Во верзијата која таа ја отпеа се најде репликата „једина си за слободу ти остала српском роду“. Медиумите јавуваат дека на некои не им се допаднал овој текст, а можно е учесниците да бидат казнети и до 20.000 евра. Пејачката би можела да биде казнета до 2.000 евра, а СПЦ како организатор на настанот може да одговара за прекршоци со парична казна од 1.000 до 20.000 евра, пишуваат црногорските медиуми.
Црногорчевиќ е сопруга на ѓаконот Иван Црногорчевиќ, а многумина се согласуваат дека таа го има најмоќниот глас во Црна Гора. Песната „Весели се српски роде, српски роде због сободе…“ е една од омилените песни на Новак Ѓоковиќ во изведба на Даница, а автор на текстот и музиката е нејзиниот сопруг Иван.
Во регионот имаше повеќе случај каде химните беа отпеани со изменет текст. Во Македонија пејачката Тамара Тодевска испушти дел од текстот на македонската химна, за што имаше бурни реакции. Во Хрватска, Јосипа Лисац претходно доби пријава затоа што според многумина химната ја пеела на омаловажувачки и потсмешлив начин.
фото принтскрин
