Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЦРНА ГОРА ЈА СЛАВИ НЕЗАВИСНОСТА: Во Цетиње е подигнато огромно знаме

(ВИДЕО) ЦРНА ГОРА ЈА СЛАВИ НЕЗАВИСНОСТА: Во Цетиње е подигнато огромно знаме

Во градот Цетиње е подигнато знаме од 5 000 квадратни метри по повод денот на независноста на Црна Гора. 

Се навршија 15 години од референдумот со кој Црна Гора се одвои од Србија.  Најголемото црногорско знаме, кое треба да биде подигнато вечерва во Цетиње, каде денес се слави Денот на независноста на Црна Гора, е искинато за време на генералната проба. Илјадници Црногорци денеска се присутни во Цетиње баш за славењето. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод 15-годишнината од независноста на Црна Гора рече дека одлуката за независност е право на Црногорците, но оти би сакал одлуката да била поинаква. Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во денешниот авторски текст во подгоричкиот портал ЦдМ наведе дека земјата мора решително и стратешки да се спротивстави на „големодржавната и клеро-националистичката агресија“. Тој верува дека Денот на независноста пред 15 години бил најдобриот почеток на модерна граѓанска Црна Гора.


Слично

Поврзани вести