(ВИДЕО) Циклонот кој ја поплави Џенова вечерва пристига во Хрватска!
Европскиот метеоролошки сервис Метеоаларм најави за утре портокалово, второ најголемо предупредување на обилни врнежи и грмежливо невреме за централните делови на Хрватска и цел Јадран.
Можно е уште денес во најзападните делови на Хрватска, посебно во ријечкото подрачје, да почнат врнежи и грмотевици.
Но, уште вечерва кон истокот на Хрватска тргнува циклонот кој се формирал над северозападна Италија и донел бројни и обилни врнежи (во Џенова паднале дури 300 литри по м2).
Утре се очекува големо влошување на времето со грмотевици, дожд а можно е и грмотевиско невреме.
Слично
