(ВИДЕО) Човек со тротинет удри новинарка која известуваше во живо
Несекојдневна ситуација се случи во босанскиот главен град Сараево. Новинарката на Сараевската Федерална телевизија, Вилдана Мехмедовиќ, известувала во живо од мостот Фестина Ленте кога зад неа се појавил маж кој туркал електричен тротинет и случајно ја удрил.
Минувачот се извини, а репортерката го прифати извинувањето, јавува N1 БиХ. Таа почна да се смее поради гестот на минувачот.
„Такви работи се случуваат. Во живо сме во програмата и се ни е простено“, изјави Мехмедовиќ.
Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.
Видеото можете да го видите овде.
Слично
