Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО Член на СНС извади пиштол на демонстрантите во Нови Сад

ВИДЕО Член на СНС извади пиштол на демонстрантите во Нови Сад

Поддржувачите на Српската напредна партија се судрија со граѓаните кои протестираат во Нови Сад, а едно лице беше фотографирано со пиштол, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите, граѓаните се приближиле кон просториите на СНС на Булеварот на ослободувањето од задната страна, по што започнал конфликтот. Потоа, се слушнал истрел во воздух, со цел демонстрантите да се оддалечат.

„Разглас њуз“ пренесува дека полицијата ги одвоила граѓаните и поддржувачите на владејачката партија во Србија, а како што може да се види на снимката на Н1 ТВ, граѓаните бегаа викајќи дека некој извадил пиштол.


Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ пак, тврди дека лицето кое извадило пиштол пред просториите на Српската напредна партија во Нови Сад било офицер на српската армија и дека наводно бил „на службена задача да обезбеди заштитено лице“.


Слично

Поврзани вести