Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Четворица уапсени во продолжението на акцијата „Ќелија“

ВИДЕО: Четворица уапсени во продолжението на акцијата „Ќелија“

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против С.Р.(26), Б.С.(32), Б.Г.(23), Е.У.(36), Ф.И.(31) сите од Скопје, М.М.(38) од Тетово и С.И.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело учество во „терористичка организација“.

По направени претреси на домовите и други простории, по наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на седум локации од кои шест во Скопје и една во Тетово, пронајдени и обезбедени се четири од кривично пријавените лица односно Б.Г., Ф.И., Е.У. и М.М., за две лица постојат оперативни сознанија дека  се наоѓаат во Сирија, а едно лице Б.С. е во бегство.

„При претресите кои беа извршени од вчера вечерта до изутринава беа пронајдени и со потврда одземени следните предмети: пет десктоп компјутери, два лап топ компјутери, 19 мобилни телефони, девет СИМ картички, држач за СИМ картици, девет УСБ стикови, 50 ЦД-ња, мемориски картици, заштитна маска, три патни исправи, маица со натпис на арапски јазик „Исламска држава е Вечна“ и други документи кои ќе бидат предмет на дополнително вештачење“ - информираат од МВР.

Од Јавното обвинителство за четирите лица кои беа обезбедени доставен е предлог за определување на мерка притвор од 30 дена.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/3QDXLaTsxX0[/embed]
Слично

Поврзани вести