Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БУРНА НОЌ ПРЕД СРПСКАТА ВЛАДА: Уапсен маж што сакал да се разнесе со бомба

(ВИДЕО) БУРНА НОЌ ПРЕД СРПСКАТА ВЛАДА: Уапсен маж што сакал да се разнесе со бомба

Полицијата утрово уапсила маж кој се заканувал дека ќе се разнесе со бомба пред зградата на Владата на Србија во центарот на Белград, јавија српските медиуми.

Според наводите на јавниот српски сервис, драмата почнала околу четири часот после полноќ кога М.С. (39) се заканувал дека ќе активира две рачни бомби.

Полицијата повеќе од еден час преговарала со него. Сични полициски сили успеале да го совладаат околу 6.45 часот. 

Според медиумите во Србија, уапсениот најверојатно ќе му биде предаден на српското обвинителство и ќе следи кривична пријава.

Сообраќајот кој е во тој дел од градот бил блокиран, е нормализиран.

Според министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ безбедноста на граѓаните не била доведена во прашање.


Слично

Поврзани вести