(ВИДЕО) Бура ја погоди Далмација, пристаништата се поплавени
Бура денеска ги погоди крајбрежните области во Хрватска.
Како што објави порталот 24sata.hr, морето во Каштела се излеало на локалното пристаниште.
Слична е ситуацијата и во Тисно, а не е подобра ни во Цриквеница, каде што крајбрежјето е поплавено.
„Морето се излеа врз крајбрежјето и го потопи. За среќа, јужниот ветер ослабна, но сè уште дува силно и врне“, рече еден од жителите на Цриквеница.
Поради неповолните временски услови, неколку линии за катамарани, фериботи и бродови по Јадранското Море се суспендирани, соопшти Хрватското здружение за крајбрежен туризам.
Foto: Facebook/Shibenik/Meteo
Слично
