ВИДЕО:Бугарски граѓани фатија уште 40 бегалци на автопатот Струма
Бугарските граѓани вчера уапсија 40 бегалци на автопатот Струма во насока Благоевград.
Во акцијата учествувале цивилни патроли и екипи на КАТ. Приведените бегалци со возила се однесени во полициска станица.
“Ги уапсивме и ги предадовме на органите на МВР. Патрола на КАТ реагира брзо и адекватно, ние само им помагаме. Следени се бегалците од прв до последен и се уапсени"- вели Евгениј Беневречки, еден од основачите на граѓанските патроли во Бугарија.
Во дел од бугарските медиуми се појавија информации дека бегалците користат дрога за да имаат сила да се движат пеш. Од ловните друштва велат дека се плаќаат по 500 евра за апсење на бегалец, а за 20 бегалци сумата е 10.000 евра. Вакви случаи каде граѓаните ги апсеа мигрантите имаше повеќе, при што Бугарите им велат на мигрантите да се вратат во Турција.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/tnA_XLjuiLQ[/embed]