Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ СО ТАТКО МУ СПАСУВАЛ ЛУЃЕ: Потоа се удавил

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ СО ТАТКО МУ СПАСУВАЛ ЛУЃЕ: Потоа се удавил

Босанец со татко му спасувал луѓе, а потоа се удавил. 

Според информациите на Аваз, татко и неговиот син храбро се бореле и успеале да спасат 10 луѓе од поплавите, а потоа поројот го однел синот. 

Претседателството на Босна и Херцеговина(БиХ) на денешната вонредна седница едногласно донесе одлука за распоредување на ресурсите на Вооружените сили на Босна и Херцеговина во поширокото подрачје на општина Јабланица, која беше зафатена од катастрофални поплави, соопшти прес-службата на Претседателството.

Ангажирани се бројни единици на вооружените сили на Босна и Херцеговина, објави порталот Klix.ba.

„Итно беа ангажирани инженерски единици, единици за спасување луѓе и хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина, со цел да се обезбеди итна помош на цивилните власти за одговор на природна катастрофа – големи поплави и лизгање на земјиштето во поширокото подрачје на општина Јабланица“, се наведува во соопштението.


Северот на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) е целосно отсечен поради обилните врнежи од дожд, лизгање на земјиштето и поплавите, а сите расположливи сили се ангажирани за спасување, јави Срна.

Медиумите јавуваат за 20 загинати во поплавите. 

Поплавени се и градови во Црна Гора. 

Фото: Time Balkan Facebook


Слично

Поврзани вести