Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БОСАНЦИТЕ ОДРЖАА ЛЕКЦИЈА ЗА ГОСТОПРИМСТВО: Руски блогер ги пофали

(ВИДЕО) БОСАНЦИТЕ ОДРЖАА ЛЕКЦИЈА ЗА ГОСТОПРИМСТВО: Руски блогер ги пофали

Руски блогер е импресиониран од гостопримството на Босанците. 

Него на социјалните мрежи го препознаваат по прекарот Вагабонд. Лани ја посетил Босна и Херцеговина (БиХ), а дури неодамна одлучил да го сподели видеото кое го снимил за време на патувањето. Tој кажува дека ќе прикаже еден дел од своето патување во Босна и Херцеговина, „една од најнеобичните земји во Европа“.

„Нејзиното сложено минато оставило неизбришлива трага на земјата, обликувајќи го нејзиниот етнички и политички пејзаж“, навел тој во описот на видеото на „YouTube“.

Блогерот ги посетил Мостар, Сараево, Бања Лука, Добој, а на крајот поминал викенд во селото Чуховиќи кај Коњиц. 

Тој им пришол на Омер и неговата сопруга кои се обиделе да се разберат со него, а потоа го угостиле со кафе и храна, па разговарале со него.

„Само што ме угостија на кафе постар господин и госпоѓа, се чини дека се тука за викенд, а дека живеат во место недалеку од Сараево“, раскажал тој подоцна во видеото.

Жената го праша дали е гладен, дали сака да јаде, на што тој одговара дека сака малку. Луѓето говорат на босански, а блогерот на руски, но сепак се разбраа. 

Во коментарите под видеото тие го истакнале гостопримството на Босанците како нешто што многумина го паметат од нивните патувања.


Слично

Поврзани вести