(ВИДЕО) Бомба пред Влада: СДСМ тврди, Груевски лично стои зад огромниот криминал во Скопје 2014
Опозициската СДСМ денеска ја објави 35 бомба по ред.
Таа беше пласирана во јавноста од кампот на слободата, како што го нарекуваат опозициските приврзаници кои со денеови веќе кампуваат пред Владата.
Денешната серија аудио прислушувани разговори се однесуваа на проектот „Скопје 2014“.
Имено, од СДСМ , велат дека премиерот Никола Груевски сам признава дека тој стои зад криминалот во Скопје 2014.
„На денешната трибина имав намера да ви се обратам како координатор на советничката група на опозицијата во советот на град Скопје. Да ви зборувам за над 40-те милиони евра кои само преку град Скопје оваа година ќе се потрошат за Скопје 2014. За нови барокни фасади, за нови плоштади и фонтани, за админстративна зграда на ЈП Водовод, за Градската куќа на Коце Трајановски, за нов карусел. Меѓутоа, се одлучивме за нешто друго. Се одлучивме конкретно да ви прикажеме кој е идејниот творец, планер, дизајнер и реализатор на Скопје 2014. Се одлучивме многу конкретно и со свои зборови, самиот Никола Груевски да признае дека лично тој стои зад огромниот криминал во Скопје 2014“, рече Дамјан Манчевски кој денес ја одржа прес конференцијата на СДСМ.
Во видеото долу може да ги слушнете сите аудио снимки кои ги објавија денес од оваа партија.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/armCvnSNfDo[/embed]