Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Бомба 12“ на Заев насочена кон Правосудниот систем

(ВИДЕО) „Бомба 12“ на Заев насочена кон Правосудниот систем

Опозицискиот лидер денеска ја објави таканаречената 12 по ред „бомба“.

На прес конференцијата одржана во седиштето на СДСМ Зоран Заев, овој пат објави аудио разговори во кои, како што тврди покажале во чии раце е правосудниот систем во Македонија.

Конците во сите области ги влечеле, како што изјави Заев, тројца луѓе, а тоа се премиерот Никола Груевски, директорот на УБК Сашо Мијалков и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Со право домашната и меѓународната јавност гласно и загрижено почнаа да зборуваат за состојбата во земјава. Со право ОБСЕ изрази вознемиреност за шокантни снимки и за уште пошокантни докази“, рече Заев.

Заев исто така истакна дека тие имале соработници во нивниот коалициски партнер ДУИ, односно во поранешниот министер за правда Блерим Беџети и десната рака на Али Ахмети, Муса Џафери при што додаде дека овие луѓе се пазареле, местеле судии и обвинители, а имале и одмазднички планови спрема сите кои не се однесувале сервилно кон нив.

Можеше да се слушнат повеќе разговори во кои се инволвирани лица од судството и владини функционери. Во еден разговор, Влатко Мијалков, брат на директорот на УБК,од поранешната судијка Филимена Маневска наводно бара совет како да стапи во контакт со одредена судијка во Апелацискиот суд. Маневска му препорачува да се јави директно кај претседателката на тој суд, Љупка Арсениевска: „Таа ептен наша е“.

Во друг разговор, според СДСМ, Мартин Протоѓер бара од Јанкуловска врски за сопругата на негов другар, на која и‘ била поднесена кривична пријава за сообраќајка.

Јанкулоска, пак, наводно бара Сашо Мијалков да интервенира во Врховниот суд за МВР да изгуби спор кој го води против едно лице.

„Има едно човече, Величковски Сашо, повреден од 2001 година. По наша тужба треба да ни враќа пари, а на терен ептен ни врши работа. Ги расцепува овие од 'Достоинство'“, вели гласот за кој СДСМ тврди дека е на Јанкулоска.

Презентиран беше и разговор во кој претседателката на Судскиот Совет,Александра Зафировска, ја извршува „договорената задача“ - однапред да го информира премиерот за кои места во судството ќе биде објавен конкурс.

Во еден од разговорите за кадрите во судството, според СДСМ, Јанкулоска му објаснува на Мијалков дека судиите ги запишува во тефтер, според бројче и според тоа кој ги предложил, а и им става и „плусови“. Судијката Лидија Петровска, за која во моментот разговарале, во тефтерот на Јанкулоска била заведена под бројот 72.

Имаше разговори во кои можеа да се слушне како оделе интервенции преку Јанкулоска наводно барал и министерот за здравство Никола Тодоров, за сопругата на деканот на ФИНКИ да стане судијка во Управниот суд, но министерката го информира дека таму работата е веќе завршена и дека „местата се поделени со ДУИ“.

До Јанкулоска се обратил и министерот за финансии. Наводно, тој бара од Јанкулоска помош со цел „да му го загорчи животот“ во Апелацискиот суд на извесен Кирил Доневски од Велес, кој заминал од ресорот финансии и аплицирал за работа во судот.

Лгитиметот на судската власт е целосно нарушен и дека не може судските процеси ни фер ни транспаретно да ги водат судии и обвинители кои на функции дошле преку вакви активности, рече на крај Заев.

Во видеото подолу можете да ги слушнете сите објавени разговори на опозицијата на денешната прес конференција.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=XGdkJ0aqlsc[/embed]
Слично

Поврзани вести