Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: „БОГ, СЕКС И ЕУ, ОВА СЕ 3 РАБОТИ ШТО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРЕДВИДИТЕ“: Рама на прашањето кога Албанија ќе влезе во европското семејство

ВИДЕО: „БОГ, СЕКС И ЕУ, ОВА СЕ 3 РАБОТИ ШТО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРЕДВИДИТЕ“: Рама на прашањето кога Албанија ќе влезе во европското семејство

Албанскиот премиер Еди Рама учествуваше на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржа во Тиват, Црна Гора.

Рама истакна дека земјите од Западен Балкан не треба да останат во „чекалната“ на Европската Унија, нагласувајќи ја потребата од поинтензивна политичка динамика за забрзување на европската интеграција.

На маргините на самитот, премиерот изјави дека верува дека пораки од регионот конечно се слушнати и дека е време да се воспостави нов ритам во односите со ЕУ.

На новинарско прашање за времето кога Албанија би можела да се приклучи на Унијата, Рама одговори дека постојат три работи што не можат да се предвидат.

„Три работи не можат да се предвидат: Бог, секс и ЕУ“, алудирајќи на тоа дека не може точно да одговори кога Албанија ќе биде примена во европското семејство. 

View this post on Instagram

A post shared by Faktor.mk (@faktor.mk)


Слично

Поврзани вести